Мицкоски: Нема да толерираме трикови со цените на прехранбените производи
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека доколку се забележи неконвенционално однесување во однос на цените на прехранбените производи, ќе интервенираат како Влада.
- Да ги почекаме индикаторите. Потрошувачката кошничка зависи од однесувањето на трговските ланци, но и на снабдувачите и дистрибутерите. Како Владата рековме дека трикови нема да толерираме, но исто така, не мислам дека е сезонско овошје - јагоди, цреши, лубенци за овој период од годината, изјави денеска Мицкоски во однос на синдикалната потрошувачка кошничка.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги објави минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство за мај кои, според податоците, се зголемени за 1.217 денари во споредба со април. Зголемување од 954 денари има кај храната и пијалоците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа