Раде Трајковски – Штекли однесен на Клинички
Раде Трајковски познат како Штекли денеска се пожалил на здравствени проблеми во затворот „Скопје“, поради што бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тераза“, пишува Скопје1.
Не е откриено на што точно се пожалил Трајковски, но познато е дека испитувања му биле правени на Клиниката за неврологија. Неофицијално, тој добил согласност од Кривичен суд за да биде однесен на прегледи. По прегледите, бил вратен во затворот.
Против Трајковски веќе четири месеци трае истрагата. Освен Штекли, под истрага се уште 14 лица за кои медимумите пишуваа дека се дел од неговата банда.
20.05.2025 - 18:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа