Рамадани од АА на Таравари поднесе оставка од функцијата национален координатор за имплементација на нови технологии

 


Националниот координатор за имплементација на нови технологии Блерант Рамадани, кој беше кадар од крилото на Алијанса за Албанците на Аребен Тарвари, соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

- Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии – одговорност која ја извршував со посветеност, интегритет и визија за развојот на нашата земја. Искажувам благодарност до Алијансата за Албанците за довербата, до Премиерот за укажаната можност, како и до сите институционални соработници и партнери за поддршката и професионализмот. Оставката не претставува крај, туку чекор на размислување и подготовка за нови предизвици. Останувам посветен да придонесувам таму каде што мојот ангажман може да донесе вредност, се наведува во пишаната изјава на Блерант Рамадани доставена до медиумите.

20.05.2025 - 13:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега