Панел дискусија за Милчо Манчевски на Кембриџ
На Универзитетот во Кембриџ денеска ќе биде одржана панел дискусија на тема „Довженко/Манчевски: Тишина, Говор и Поглед“, која е дел од семинарите и дискусиите ориентирани кон темата „Нови интердисциплинарни пристапи“, при што заинтересирани студенти, научници и истражувачи можат да учествуваат во разни тематски дебати, соопшти „С Прес“.
Рускиот режисер Александар Довженко е клучен автор во развојот на филмската уметност. Сценарист, продуцент и филмски режисер, Довженко со својата дејност во почетокот на 20. век придонел во дефинирањето на модерниот филмски израз.
Манчевски, во декември, 2013 година, одржа предавање на британскиот Универзитет во Кембриџ на тема „Филм, конфликт и репрезентација“. Притоа на Кембриџ беа прикажани и неговите филмови „Мајки“ и „Пред дождот“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа