"Вечно ќе бидеме ваши должници" - 13 години од нападот на полициската станица во Теарце

Денеска беше одбележана 13 годишнината од нападот на полициската станица во Теарце каде за жал животот го загубија полицаецот Момир Стојановски, а ранети беа полицајците Лика Јахи, Борче Ѓуровски и Давор Евросимовски, кој почина пред неколку години.

- Загубата на Момир претставуваше наговестување на сето тоа што следуваше, период на криза како некои ја нарекуваа и голем број жртви, ранети и паднати бранители од сите краеви на Македонија. Вечно ќе бидеме нивни должници што се уште постоиме и се поцврсто опстојуваме на ова тло и најмалку што можеме да направиме за нив е да не дозволиме никогаш да заминат во заборав, рече в.д. претседателот на Одборот на бранители Светозар Ѓорѓевски.

Бранителите велат дека потребно е државата целосно да ги обештети семејствата на загинатите и ранети бранители, но и да преземе мерки за психолошка ресоцијализација на учесниците во судирите бранителите од една и припадниците на ОНА од друга страна.

- Ако сакаме да одиме напред државата треба овие работи да ги постави, да ги обештети семејствата на загинатите и ранети бранители и да направи психолошка ресоцијализација. Ова што сега се прави и се користи рамковниот договор за едната страна, а за другата, затоа сме ние тука да кажеме, нема апсолутно ништо, рече членот на Одборот на бранители, Ацо Стојановски.

22.01.2014 - 14:26
Фото: 
старвест

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега