Запален автомобилот на поранешен кандидат за градоначалник од Битола

 


Ноќеска на паркинг во Битола се запалени два автомобили, од кои едниот му припаѓа на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски, пренесе 4NEWS.mk.

Пожарот избувнал во раните утрински часови, а причините сè уште се утврдуваат.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени две возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата и спречиле пошироко проширување на огнот. Во моментот на инцидентот немало повредени лица.

20.05.2025 - 10:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега