Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајца заменик министри
Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфет Исмаили.
Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та седница не побарале да го направат тоа, по што беа констатирани оставките.
Потоа беше предложен дневен ред на седницата, но, по процедуралната забелешка на Сашко Јанчев од Левица беше дадена пауза во траење од еден час.
Барањето за пауза, како што појасн јанчеви, е поради тоа што службите на Собранието и Генералниот секретар го игнорираат барањето на Левица за инфомации за исплатени патни тошоци на пратениците во Собранието поименично за секој пратеник. Најави дека ќе бараат по еден час пауза на секоја седница се додека не ги добијат бараните информации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа