ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се жестоко исплашени

 


Очигледно СДС се жестоко исплашени поради борбата против криминалот, чим излегуваат на прес конференции со лаги и конструкции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ним не им е проблемот начинот на избор на Александар Јанев кој е законски, туку работата и борбата против криминалот на Јанев и министерот Тошковски.

Во тој контекст разбирлив е стравот на СДС од функционирањето на Јанев, БЈБ и МВР, затоа што ако не беше оваа нивна прес конференција Кузеска ќе требаше да одговори каде е нивниот директор, Васко Ковачевски кој е и официјално во бегство, како нивниот лидер Филипче и другиот лидер во сенка Заев стигнаа до златни визи во Дубаи, од каде се парите за тоа и колку чини целиот бизнис? И зошто не поддржаа ниту една акција на МВР во борбата против криминалот?

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

20.05.2025 - 13:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега