Вчера го фати крстот денеска бурето со вино - "му тргна" на охриѓанецот Рупески

 

Откако вчера по повод празникот Богојавление-Водици, Петар Рупески од Варош го фати светиот крст кој ќе му носи среќа, денеска го фати и бурето со црвено вино кое денеска беше фрлено во водите на Охридското езеро. Како што јавува Охридњуз, охриѓанецот денеска доплива прв до бурето и си доби златник со ликот на Св. Јован кој му го врачи кумот на Водици 2014 Никола Бакрачески.

-Јас и минатата година допливав до бурето со црвено вино. Годинава го фатив и крстот и бурето. Се надевам дека тоа ќе ми донесе среќа и дека ќе најдам работа бидејќи сум невработен, а здравје боже можеби и ќе се оженам оваа година,изјави среќниот Петар, пренесе Охридњуз.

За потсетување, тој вчера го фати и светиот крст и изјави дека е премногу среќен и возбуден.

20.01.2014 - 16:00
Фото: 
охридњуз

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега