Му успеа од трет пат - еве кој го фати крстот во Тетово
И во Тетово денеска верниците традиционално скокаа по светиот крст по повод празникот Водици. Илчо Ристевски беше најсреќниот од тројцата кои се фрлија по крстот во базенот на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“.
- Пред ова, сум скокал два пати и годинава чувствував дека ќе го фатам крстот и ми се исполни желбата. Годинава очекувам здравје, среќа, љубов, успех во работата, животот, се најдобро како на нас, така и на секому, Господ да дава, изјави Ристовски.
Инаку, осветување на водите во реките и базените на црквите денеска по повод Водици се одржаа скоро во сите населени места во тетовскиот регион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа