Македонец кандидат за градоначалник во Париз

Кристофер Најдовски кој е роден во Париз, но потекнува од Македонија, е кандидат за градоначалнико во Париз. Како што објавува Дојче Веле, тој е единствен политичар во Франција со потекло од Македонија што се кандидира за толку висока функција.

-Можеби јас сум првиот политичар, тоа ми дава извесна гордост, но и извесна одговорност кон земјата од каде потекнувам – Македонија. Тоа ми дозволува да им порачам на оние кои се во дијаспората и се со потекло од родители кои емигрирале во други земји дека можат да се интересираат за јавниот и политичкиот живот во градот и земјата во која сега живеат, со што можат да го подобрат животот на луѓето. Ова е и смислата на моето ангажирање во Париз, вели за Дојче веле, Кристоф Најдовски.

Тој во политиката влегол преку екологијата.

19.01.2014 - 13:09
Фото: 
Дојче Веле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега