ДУИ му даде зелено светло на ВМРО-ДПМНЕ - на пролет предвремени парламентарни избори?

 

ДУИ му даде зелено светло на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори. Вчерашната изјава на Ермира Мехмети дадена за весникот Вест, според експертската јавноста е навестување дека на пролет, заедно со претседатлските избори ќе имаме и предвремени парламентарни избори.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во неколку аврати изрази подготвеност на пролет да се излезе на соочување со граѓаните, меѓутоа опозицијата побегна од избори.
Премиерот Груевски во новогодишното обраќање рече дека не поскаува предвремени избори, но доколкусе доведе во прашање легитимитеот на неговата влада или пак на некоја владина политика, не се исклучува можнсота сепак да влезат во изборна трка.
Последен пат Груевски упати јавен повик до Заев да се соочат на избори, но од Бихаќка понудата ја одбија.
Против избори тогаш беше и владејчката ДУИ со што практично немаше мнозинство за распуштање на парламентот и распишување предвремени избори. Вчерашниот став на Мехмети практично е навестување дека постои опција ДУИ да се согласи на предвремени избори, доколку ВМРО-ДПМНЕ го предложи Иванов за Претседател на Македонија.

14.01.2014 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега