Александар Спасовски: Решиле да прават држава во нашата држава

 


Решиле да прават регистар на интернет портали. Како човек кој е речи си од почетокот во оваа т.н. портал-револуција во Македонија, веднаш ќе кажам дека идејата и не е така лоша. Оние претставници на интернет порталите кои беа на првата средба со министерот Иво Ивановски (уште кога Законот за медиуми се подготвуваше) јас го дадов истиот предлог. Дури јас предложив и детално да се објавуваат изворите на приход. Идејата е добра, особено за оние интернет портали кои работат врз основа на пазарните принципи. Колку реклами ќе продадеш, толку приходи ќе имаш. Нема пари од донации на невладини, државни и не знам какви институции. Или ако ги има, барем сите да знаат, колку пари си добил и секако, дали и под чие влијание работиш. 

Да го предложеше ова Министерството за информатичко и администрација, СОРОС една недела ќе ги редиректираше сајтовите на црна позадина 1000 на 1000 пиксели. Наместо тоа, Министерството предложи некоја многу блага  варијанта односно  да се регистрират сајтовите и чисто да се знае, кој тим стои зад која адреса. Кои се луѓето што ги креираат тие содржини и секако, за се што ќе биде напишано, да се сноси одговорност.
Но, СОРОС бандата, во која се вклучени и оние синдикати, мимови, некои самонаречени експерти за интернет портали и разно разни соросоидни креации, почна да дига галама. Немало потреба државата да ги регулира интернет порталите, демек, тоа не се медиуми, како што се телевизиите радијата или весниците.
Ниту на почетокот не верував дека зад тоа стои чист порив да се заштити слободата на изразувањето (која и не знаев како би се загрозила). И без да знаев дека зад тоа стои СОРОС, немаше да поверувам дека некој тука се бори за слобода на изразувањето.
Од пред неколку дена за тоа има и црно на бело. Се вика проект на една група новинари (инаку жестоки противници на идејата за воведување регистар на интернет портали) од која најголем дел на интернет не напишале повеќе од статус на Facebook или можеби по некој твит. Истаа таа група противници, сега треба да направи ист таков регистар каков што предлагаше Влдата, а тие го критикува...  и во него, не само што ќе се објавуваат сопственичките структури на интернет порталите (а Владата превидуваше само издвачот) туку ќе се објавуваат и приходите на интернет медиумите.
Имам многу дилеми.
Не знам , дали целиот проблем беше во тоа што ако Владата во Законот за медиуми предвидеше ваков тип на регистрирање на интернет изданијата, ќе пропаднеше овој проект од десетици илјади евра? Ако е така, тогаш, ми се отвара нова дилема. Дали за ова знаеше целата соросова банда или ова е проект на неколкумина, кои ете... мора од нешто да живеат.
Ако знаеше, тогаш разочаран сум од цената за која се продадоа. Па нека и е 100.000 евра овој проект... за СОРОС тоа се годишните донации за еден весник од штампаријата на Бихаќка.
Но не... мислам дека не е толку наивна работата, а тоа и ме загрижува.
Мене се ми личи како соросидиве да забегаа до тоа ниво па да почнаа да си прават држава, внатре во нашата држава. Ете сега, ќе го прават она за што ние ја плаќаме државата. (нешто слично едно време предлагаше Фрчковски, кафеани само за опозиционери, продавници само за опозиционери, може и репрезентација во фудбал само од „отпораши“). Практично, СОРОС не сака државата да го регулира просторот, туку тие да бидат државата и тие да го регулираат (се плашам од утре да не почнат да пишуваат и казни за погрешно паркирање)
Ако ги гледам работите од овој апсект, тогаш добивам малку почиста слика.
Јасна е целта. Да се објавуваат тендненциозно извештаите за финансиката состојба само на одбрани интернет медиуми. Се знае кои. Оние кои не свират на кавалот на СОРОС.
Ќе има нешто и за соросовите, но тоа ќе биде маргинализирано, до степен да не постои.
Потоа, информациите за пикираните портали, по налог на бандата ќе се објавуваат на оние 20 медиуми на кои СОРОС им дели околу пола милион евра.
И некој ќе се праша, зошто, а одговорот е едноставен. За да им го нарушат кредибилитетот. Бројките јасно кажуваат дека СОРОС ја губи битката во интернет просторот. Сите соросови портали заедно, месечно прават помалку посети од најчитаниот портал кој негува провладина уредувачка политика. И тоа е факт. Факт против кој и по неколку години не можат да најдат начин за да се изборат.

Само 2 портали на СОРОС се меѓу првите 40 на статистиката за месец ноември според Gemius.

Затоа се превземаат разно разни мерки.
Имаше многуи обиди да се урне кредибилитетот и релевантноста на медиумите кои не играат во соросовото оро. Еден од тие методи е еден систем за проверка на фактите. Уредници и новинари во медиумите на СОРОС ги „рецензираат“ содржините објавени на останатите, ним конкурентни медиуми. Се обидуваат да ги дискредитираат конкурентите бидејќи во фер игра, изгледаат како Африканци на снег. Се „рецензираат“ строго текстови кои се критички настроени кон опозицијата. За да се држи „баланс“ се „рецензираат“ и текстови од порталите на СОРОС, но најчесто тие се за цртежи на пештерите во Замбија, за поморот на риби во Прибилци или пак за болеста на кравите во Ропотово. Евентуално, ако сакаат да “рецензираат“ нешто актуелно, тогаш одат на временска прогноза.
Не поминува.
Статистиката покажува дека порталот кој го работи ова, не може да се пробие ниту меѓу оние 1000 најпосетувани интернет адреси од Македонија.


Кога тоа не помина, парите ќе се трошат на регистар, кој Владата се понуди да го направи.
Но ниту ова нема да помине. Не затоа што проектот е лош, туку поради тоа што се прави со цел кој нема допирна точка со онаа вистинската, а тоа е да ги информира луѓето кои бараат информации.
Проблемот што медиумите на СОРОС се песокот во интернет морето не лежи во конкуренцијата а уште помалку во власта. Тоа само тие така го претставуваат, бидејќи живеат во таква матрица. Овие луѓе не се способни да признаат дека грешката е кај нив, бидејќи се сметаат за безгрешни. Според нив, читетелите се виновни што не знаат да препознаат кој вистински информира а кој шири политичка пропаганда. За нив, новинарите на другите портали се виновни што по цела ноќ,  „во пижами“ седат пред тастатурите и вредно работат. За нив се криви луѓето на кои им текна дека социјалните медиуми се најголемиот пријател на интернет сајтовите. За нив е крива Владата што огласувачите не сакаат да закупат простор на месечен Reach под 10% и помалку од милион посети за 30 дена. За нив се криви сите што се подобри од нив, чисто, само поради тоа што се подобри. Оправдувањата се дека немаат пари за да опстанат, а годишно добиваат по повеќе од 50.000 евра. Медиумот во кој вложувам многу труд, 50.000 евра нема приходи од своето основање пред повеќе од 3 години па до денес (ете проверете и ставете го тоа во новиот регистар) а според сите статистики, е двојно попосетуван од најпопуларниот производ на СОРОС.
И сега..
Сега каде е државата да ги заштити оние портали кои не сакаат да играат во орото на СОРОС. Во најмала рака не е фер ако државата дозволи нејзината работа да ја работат соросовите инсталации, бидејќи ние за тоа ја плаќаме.
Сакав да бидам само набљувуач на овој процес во кој се обезличија сите оние новинари кои работат на интернет порталите, но тоа се потешко оди. Притисокот на амбасадите и странските емисари не смее да биде оправдување.
Ако веста ја пласирате преку интернет, вие согласно новото законско решение не сте новинар и нормално, тоа не е новинарски производ, бидејќи според законот не го објавува медиум. (а новинарот може да работи само во медиум, освен ако не измислија и нешто ново)
Како да им кажам на оние деца кои си замислуваат голема новинарска кариера и кои ослепеа седејќи пред компјутер дека за политчките интереси на една квази-политичка гарнитура не можат да кажат дека изминативе 3 години работеле како новинари во медиум. Соросоидите можеби тоа и не ги засега, бидејќи многумина од нив, во медиумите се само на застанување на патот кон политчката кариера (што се докажа во многу случаи) но овие деца во чии очи се гледа новинарски жар, ова и те како ги засега.
Што е интернет порталот помалку медиум од еден дневен весник кој продава едвај 5000 копии?  5000 луѓе го посетија сајтот само додека го пишувам ова. Што се помалку интернет порталите од некои телевизии кои дневно имаат помалку гледачи од фирмите на еден политичар? (чисто, реторичко прашање, одговорот го знаеме)
Еволуцијата е процес кој не запира само затоа што некому така повеќе му одговара. Не може законот за медиуми да ги опфати сите медиуми, освен најновите. Или... на интернет изданијата се уште ќе гледаме како најевтина алатка за ширење политичко влијание?

ПС.

Ако некогаш помислите за проект на кој би било добро да потрошите дел од парите, ете јас ви предлагам да се ангажирате и во Законот за авторски права, новинарскиот текст да го внесете како авторски производ, бидејќи само информативниот текст не заштитен со авторско право, наспроти одредбите за фото и видео материјалите.

 

Александар Спасовски

11.01.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега