ФОТО: Поголема количина дрога најдена во камион на "Богородица" - Пресечен канал за шверц
Бирото за јавна безбедност на МВР и Царината во заедничка акција заплениле поголема количина на дрога на Граничниот Премин Богородица, а заедничката активност ја покажува определбата за борба против криминалот и корупцијата на секое поле.
Неофицијално, на Граничниот премин Богородица, Царината и Бирото за јавна безбедност заеднички пресекле канал за шверц на наркотична дрога. Според информациите, служби од Царината и МВР активно тресат и растураат камион со МК таблици, натоварен со отпадна хартија , кој неофицијално за сега, влегол од Косово во Македонија.
Камионот требало да оди за Грција, додека негова крајна дестинација била Турција.
Се очекуваат повеќе детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа