Мицкоски: Го отворивме прашањето за промена на државниот грб
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата го отворила прашањето за промена на државниот грб, со оглед на тоа што Македонија е една од двете постсоцијалистички држави кои сѐ уште го немаат сторено тоа.
Но вели, првиот договор за такво нешто е направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во времето кога со партијата раководеше неговиот претходник, Никола Груевски.
-Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб. Тоа беше пред неколку години, ако не се лажам, 2014 или 2015. Така мислам дека тоа се случи. Инаку, ние тоа прашање го отворивме и ценам дека сме една од двете држави, постсоцијалистички коишто сѐ уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации. Но кратко да кажам, имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста Влада, односно кога таа Влада ја водеше Никола Груевски, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа