Судот пресече: Села е претседател на Алијанса за Албанците

 

Основниот суд во Тетово одлучи претседател на Алијансата за Албанците да биде Зиадин Села.

- „Во судски регистер на Политички партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд во Тетово се запишува: Промена на Претседателот, во иднина за Претседател на партијата се именува Зијадин Села ул. Ливада бр. 1 од Струга, наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар ул. Борче Јованоски бр. 66“, се вели во одлуката.

Прифатена е одлуката за разрешување на Претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар.

Таравари има право на жалба на одлуката до Апелациониот суд во рок од 15 дена.

 

12.02.2025 - 11:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега