Повеќе делови на Скопје без вода

 

ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информира дека денеска поради штопирање на стара мрежа ф ½“ на ул. „Клинска Леса“ бр.18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Клинска Леса“ и „Пере Тошев“.

Прекинот во водоснабдувањето ќе почне од 10:30 часот до завршување.

Исто така, поради дефект на приклучна цевка на ул.„4“ бр.27а во Студеничани, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„1“, ул.„3“, ул.„4“ ул.„5“ и ул.„10“.

12.02.2025 - 10:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега