Хорор во Гостивар: ќерка го избодела сопствениот татко додека спиел

 


Вчера околу 19.10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен 59 – годишник од Гостивар.

Според пријавеното, додека спиел во семејната куќа, неговата 21- годишна ќерка, лице со здравствени проблеми, со остар предмет му нанела повреда, информира СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.

 

12.02.2025 - 12:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега