Галант: Либан може да плати висока цена поради Хезболах

 

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала ќе мора да го натера Либан да плати висока цена за евентуална војна.

-Како што стојат работите, Насрала може да го одвлече Либан да плати исклучително висока цена. Не можам ни да замислам што може да се случи, рече Галант.

Насрала претходно изјави дека одговорот на „оската на отпорот“ на убиството на командантот на Хезболах, Фуад Шукр ќе биде посилен од претходно.

-Нападот врз главниот командант во Дахија (упориштето на Хезболах во јужен Бејрут) мора да се третира поинаку. Нашиот одговор доаѓа, ако даде Бог, од нас и од оската на отпорот и тој ќе биде силен, рече Насрала.

07.08.2024 - 20:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега