Падна договор меѓу Скопје и Софија: Тунелот на Деве Баир ќе го гради еден изведувач
Скопје и Софија се договорија, тунелот на Деве Баир, кој според забелешките од македонското министерство за транспорт, не води никаде, ќе го гради еден изведувач.
Вчера на средба во Софија, претставници на Бугарија и Македонија се согласиле дека трансграничниот тунел е поцелисходно да биде изграден од еден изведувач.
Софија ги прифатила забелешките на македонскиот министер за транспорт, Александар Николовски.
Според македонското Министерство за транспорт, биле прифатени аргументите на Николоски - дека мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата, да се ревидира цената која е превисока и да се ревидира самиот проект.
„На состанокот од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали. Двете делегации, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура“, се вели во соопштението.
На вчерашниот состанок во Софија учествуваа бугарскиот заменик- министер за транспорт и врски, Бисер Минчев, државниот секретар во македонското Министерство за транспорт, Стефан Волкановски, директорите на компаниите за железничка инфраструктура од двете земји, претставници на Европската комисија, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ). На средбата размениле информации, зацртале временска рамка и ги споделиле нивните искуства за технички прашања поврзани со изградбата, посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа