Шиповиќ доби уште 30 дена притвор

 

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера одлучи да му го продолжи притворот на Мирослав Шиповиќ за уште 30 дена.

Претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, пред еден месец беше екстрадиран од Австрија во Македонија, кога автоматски почна да му се пресметува времето кога му беше изречена мерката притвор, додека беше отсутен од државата.

За да може Шиповиќ да се брани од слобода беше понуден стан во вредност од 70.000 евра како гаранција,.

Шиповиќ и уште други 11 лица, од Скопје и Штип, се товарат за злоупотреби во работењето, односно дека со продажба на стари делови било избегнато плаќање данок во висина од 17 милиони денари.

21.12.2013 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега