Тошковски за поништените наредби: Крајно незаконито и скандалозно, ова никогаш претходно не се случило
Целокупното поведение на колективното тело наречено Влада од сам почеток на оваа техничка влада е чуден за сите, а јас слободно можам да кажам дека е крајно незаконито и скандалозно, оцени техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, откако вчера техничкиот премиер, Талат Џафери појасни зошто владата ги поништила неговите наредби.
Сега, додава Тошковски е најскандалозно.
„Владата се дрзна да поништи наредба која јас сум ја издал на колешка во МВР за да го тера процесот со фотографирање. Наредба на колешка, која на доброволна основа сака да помогне да се отвори пунктот во Ново Село, да функционира како што треба, за тие граѓани да можат да бидат таму фотографирани, и Владата ја поништува“, вели Тошковски.
Додава дека никогаш претходно не се случило да се поништуваат наредби.
„Па како не им е срам. Ај што се тотално неинформирани, правно непотковани па уште и дрски да зборуваат за формални недостатоци“, дециден е Тошковски.
Џафери вчера изјави дека формално, ако нема врзан потпис, наредбите се поништуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа