УХМР предупредува: Влажен бран се движи кон Македонија - ноќеска обилни врнежи
Под влијание на циклонска активност попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд, најави УХМР.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, проследени со силен ветер, над 70 километри на час и појава на грмежи.
Во Скопје попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.
Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа