Повеќе договори за работа за градежниците

 

Според Државниот завод за статистика градежните компании договориле работа во странство во вкупна вредност од 4,835,382,000 денари во првите три месеци од годинава. 

Македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-март извршила градежни работи во вкупна вредност од 192.839.000 денари, што е за 248,7 проценти повеќе во споредба со овој период од минатата година.

Во анализираниот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија и Словенија.

ФОТО: Вечер

најчитано сега