ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема ниту еден проект за Гази Баба, нивната влада ја блокираше градбата на градинката

СДС ја заборави Гази Баба. СДС ја блокираше изградбата на градинката за која сега држи прес конференции. Зоран Заев и СДС се на власт 5 месеци и има нула проекти за Гази Баба, како и ниту едно ново отворено работно место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако сака СДС може веднаш да почне со градење на градинката во Стајковци. Да не замајуваат јавноста. На истиот начин како што се изгради градинката Морковче во Јурумлери на таков начин ќе ги изградиме и градинките во Стајковци, Трубарево и Инџиково затоа што знаеме како тоа се прави. Во Стајковци се донесе план и се обезбедија финансиски средства за откуп на земјиште и беше планирано во соработка со МТСП да започнеме со изградба на градинката. Бидејќи со ребалансот направен од владата на СДС се скратија средствата за изградба на градинката ние тоа ќе го направиме по откупот на земјиштето и ќе започнеме со тендерската постапка за изградба на градинката. Г- ѓата Бубало добро е да се прошета низ Стајковци каде може да види дека до секоја куќа изградена е фекална канализација, комплетно реконструирано е училиштето „Кирил и Методиј“ асфалтирани се преку 60 улици, заменето е уличното осветлување  изградено е мултифункционално игралиште со трибини, на неколку локации детски игралишта. Јавно ги прашуваме од СДС да набројат ЕДЕН проект кој тие го имаат направено во Гази Баба и порано и сега додека се на власт. Ги прашуваме сега јавно зошто ги скратија финансиските средства за изградба на градинката оваа година?, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

19.10.2017 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега