Детали за несреќата во Штип: Во ресторанот каде загина едно лице, вечерва има свадба

Во ресторанот во Штип каде се случи несреќа со лифт пред неколку часа, во која загина едно лице, а друго се бори за живот, вечерва се одржува свадба. Смртниот случај не ги спречил плановите на газдите да продолжи ресторанот со работа, и одржување на свадбената веселба.

Според информациите на Прес 24, починатото лице е повозрасен маж во пензија кој работел како келнер во угостителскиот објект каде се случила несреќата, а другото лице кое се бори за живот е исто така маж и извршувал работни обврски како келнер во угостителскиот објект. Двајцата се во роднинска врска. Мажот кој се бори за живот е вработен во ОУ Гоце Делчев во Штип, а во ресторанот работел дополнително. 

Од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

 

18.05.2024 - 22:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега