Толку беше: Сопругот на Џенифер Лопез фотографиран без прстен
Поминаа неколку дена откако во јавноста протече веста дека бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е во криза, а не му требаше многу време на популарниот актер со едноставен гест да покаже дека љубовната среќа завршила.
Многумина не сакаат да веруваат дека на приказната за повторното обединување на Бенифер и дојде крајот, но се чини дека е така. Откако парот не беше виден заедно повеќе од еден месец, тие се собраа за училишната претстава на 15-годишниот син на Бен, Фин, а ноќното возење низ Лос Анџелес откри дека Афлек си го извадил прстенот.
Популарниот актер беше фотографиран како вози црно БМВ, а папарацо фотографиите открија дека венчалниот прстен веќе не може да се види на неговата лева рака, поради што може да се заклучи дека Афлек завршил со поглавјето со Џенифер Лопез.
Странските медиуми пренесуваат дека парот не живее заедно веќе неколку недели и дека Афлек се иселил од нивниот заеднички дом.
Дека целата ситуација не е едноставна и дека не сакаат така лесно да се откажат, открива и извор кој тврди дека посетуваат брачен терапевт и се обидуваат да ги израмнат проблемите: „Бен, до одреден степен, верува во терапија и е подготвен да учествува во се со отворен ум, иако всушност го мрази целиот тој понижувачки процес. Тој никогаш нема да го мери успехот на овој брак со она што се случува во канцеларијата на терапевтот. Тој, исто така, има поголема толеранција за конфликти и борби од просечниот маж“.
Популарната уметница од Бруклин е посветена на кариерата, а врската со сопругот ја ризикувала поради работата.
Во својот последен проект, таа им кажа на фановите сè за нејзината врска со Афлек и покажа некои од нејзините најинтимни спомени. На последниот албум таа пееше за нивното помирување, а само три месеци подоцна брачната среќа заврши со бродолом, што може да доведе до четврти развод на популарната Лопез.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа