Инспекторка од Сарај фатена на дело: Земала 12.500 евра за наводно посредување за социјални станови

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски објави детали за уапсената инспекторка. Таа е фатена на дело со над 10 илјади евра откако измамила три лица за наводно посредување за добивање социјални станови од Б категорија.

-Лицето И.М. вработено како Виш аналитичар во СВР Скопје, лишено е од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ. Имено, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12 500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија, вели Тошковски.

Полицијата извршила претрес и во нејзината канцеларија, но и нејзиниот дом во Сарај.

-Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи. Исто така, при извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки, вели Тошковски.

Најави дека истражните органи ќе проверуваат дали инспекторката е поврзана со други високи полициски службеници.

18.05.2024 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега