Таткото на Фросина: Васил и неговите родители немаат зрно каење

 

Тодор Кулаков, таткото на 22-годишната Фросина Кулакова вечерва беше гостин во Дневникот на Сител ТВ. Вечерва првествено тој се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на протести, како и поддршката од медиумите за покривање на истите. 

Меѓудругото кажа дека има сознанија дека сакаат лицето кое ја прегази Фросина, 20-годишниот Васил Јованов, да го сместат во друга институција.

„Бараме ова веднаш да се спречи. Ако бил ненормален имало време кога да се констатира. Ова покажува дека ниту тој, ниту неговите родители немаат зрно каење“, рече таткото. 

Кулаков вели дека тие на ова гледаат како на обичен бизнис и сакаат да се заташка случајот. Објасни дека три часа немало обвинител. Taткото на Фросина вели дека го контактирале многу адвокати за да го застапуваат. Тој бара и родителите на Васил да одговараат. Кулаков рече дека никој не им кажал дека Васил немал возачка дозвола и тоа го дознале подоцна. Вели дека неказнивоста создава вакви монструми. Кулаков рече дека нови протести ќе има и тоа помасовни пред институциите и бара максимална казна за момчето кое ја прегази Фросина. Кулаков рече дека поради повеќето дела и прегазувањето на Фросина, Јованов треба да добие доживотен затвор.

04.02.2025 - 19:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега