Граѓаните и во петок ќе ги бојкотираат маркетите: Ништо нема да купуваме
За в петок на 7-ми февруари повторно е најавен бојкот на маркетите. Повиците за бојкот на маркетите во петок повторно почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи и се поради високите цени, главно на прехранбените производи. Граѓаните постојано реагираат дека се за бојкот, а некои дури побараа бојкотот да зачести се додека не се освестат сопствениците на пазарите.
Според податоците на Управата за јавни приходи, осумте најголеми трговски ланци забележале пад на прометот од скоро 47% на денот на минатонеделниот бојкот.
Колку за потсетување, бојкот имаше и минатиот петок, а според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), прометот на маркетите бил преполовен, а во саботата, ден по бојкотот бил зголемен за 11 отсто споредбено со претходната сабота. Граѓаните сметаат дека цените на храната се високи.
Идејата македонските граѓани ја видоа од Хрватите. Бојкот во петокот имаше и во Црна Гора и тој беше успешен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа