Градежни работници го пронашле колегата починат

Градежни работници, кои извршувале градежни работи на куќа во кичевското село Челопеци, го пронашле починат нивниот колега Н.Ќ.(60) од Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Случајот од кичевската полиција бил пријавен вчера околу 17:45 часот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

18.05.2024 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега