ФОТО: Сообраќајка на Водњанска - четири возила се оштетени

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на Водњанска, во која се оштетени четири возила. 

Истата се случи пред влезот на Клинички центар „Мајка Тереза“. Оштетени се најмалку четири возила, пренесе 360 степени. 

Дел од булеварот е затворен, а полицијата го пренасочува сообраќајот.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и други возила кои биле паркирани. Полициските службеници се на терен и вршат увид на местото на настанот. Повеќе информации се очекуваат наскоро.

Фотографии може да ги погледнете ТУКА. 

18.05.2024 - 23:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега