Мицкоски: Борбата не запира тука - ВМРО тече во нашите вени

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ испрати преку социјалните мрежи во која го повика членството на обединување. По поразот во првиот круг на изборите, Мицковски им се заблагодари на граѓаните за поддршката и порача дека борбата тука не запира

Почитувани сограѓани, браќа и сестри, Ви благодарам и Ви се поклонувам што ја подржавте светлината, разденувањето, желбата за поинаква Македонија. Нашата борба тука не запира. Вековниот стремеж кон подобро утре, посреќна иднина и вистинска Македонија, продолжува. Ајде сите заедно да продолжиме да чекориме по тој пат, ајде сите заедно да се обединиме и да продолжиме онаму каде што застанавме. Ќе се обидат да не негираат, омаловажуваат, понижуваат, делат и што ли уште не..., но Ве молам немојте, ама никогаш немојте да заборавите дека ВМРО тече во вашите вени и е дел од вашите животи, ајде сите заедно да го продолжиме аманетот на нашите дедовци, да му ставиме крај на овој ужас, да го поразиме злото. Немојте никогаш да заборавите: 
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева".
Со искрена почит до Вас браќа и сестри.

 

 

 

 

18.10.2017 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега