Теловска: Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да имаме квалитетно образование

Модераторот на денешната панел дискусија на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Нермин Теловска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за квалитет во образованието за децата уште од најрана возраст.

Таа истакна дека за брзо време ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт за да ги продолжи проектите во образованието за квалитетен образовен кадар.

 

– Груевски, најави нов проект „Бесплатна ужинка“ кој ќе биде подготвуван од стручни лица, нутриционисти за да може да имаме здрава исхрана во училиштата и градинките-рече Теловска.

Таа истакна дека тенденцијата на ВМРО-ДПМНЕ  е да се залага Македонија да биде дел од земјите кои имаат универзитети на Шангајската листа, заради тоа што како партија се залагаат за поквалитетно образование кое е иднината на нашата држава.

 

 

 

12.10.2017 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега