Непоканети гости: Му затропале на врата па го претепале - крвава тепачка во Кратово

Синоќа во 1 часот и 55 минути по полноќ, петмина кратовчани нападнале свој сограѓанин.

Се работи за  30-годишниот С.Н., 29-годишниот М.Ј., 28-годишниот Д.М., 32-годишниот С.Р. и 23-годишниот Т.Т. од Кратово кои го нападнале 37-годишниот Д.Н.

Насилниците откако синоќа му затропале на врата на Д.Н. и истиот им отворил, го фатиле за облеката, го извлекле надвор, го собориле на земја и почнале да го удираат со раце и нозе во пределот на главата и телото при што му нанеле видливи повреди.

На Д.Н. му е укажана лекарска помош во Здравствен дом Кратово, од каде е пренесен во Ургентен центар Скопје.

 

најчитано сега