Државата продава плацови во општина Аеродром и Вевчани

 

Денеска Министерството за транспорт и врски објави продажба преку електронско наддавање на државно градежно земјиште во Вевчани, на кое е предвидена изградба на бензинска пумпа. Во општина Аеродром, пак, државата продава земјиште за изградба на објект за мали комерцијални и деловни дејности и за станбена куќа.

Почетната цена за земјиштето во Вевчани е 130 денари за метар квадратен, а правното лице што ќе се пријави за учество на наддавањето меѓу другото треба да има најмалку 30 бензински пумпи. Рокот за поднесување пријави е 10 следниот месец, а наддавањето ќе се одржи на 17 септември.

За парцелите во Горно Лисиче и Мичурин во Општина Аеродром почетната цена е 5.000 денари и 1.543 денари за метар квадратен. Пријавите може да се достават до 4 септември, а наддавањето ќе се одржи на 11 септември. 

најчитано сега