ФОТО: „Сакаше да испие некоја чашка повеќе" - Откриено што правел Бобан пред да ја убие Бранка

 

Слободан Т. од Нови Сад, Србија, кој е осомничен за убиството на својата невенчана сопруга Бранка П. со која има шестгодишна ќерка, сакал да испие некоја чашка повеќе. Оние кои го познаваат за српските медиуми велат дека не правел инциденти претходно, иако бил љубител на алкохолот.

Мажот кој е осомничен дека со кујнски нож ја избодел 40-годишната жена во пределот на главата и тоа пред очите на нивното дете, работел како продавач на овошје и зеленчук на Кванташкиот пазар во Нови Сад. 

- Работеше преку 25 години за една фирма, како партнер и продавач на овошје и зеленчук на пазар. Претежно работеше навечер за да обезбеди свежа роба за утрото. Сакаше да пие, морам да кажам, но никогаш не правеше никакви проблеми, вели негов колега за српските портали.

Слободан или Бобан како што сите го нарекувале, веќе имал еден брак зад себе.

- Со бранка живееше вонбрачно. На денот на злосторството ништо не беше чудно, ништо не укажуваше што ќе направи. Беше расположен и муабетеше цел ден. Не се жалеше на Бранка, не кажа дека има проблем, вели колегата на Бобан.

Соседите од зградата каде живееле Бобан и Бранка, велат дека парот се преселил тука во изнајмениот стан пред неколку месеци.

 - Ги гледавме Бранка и девојчето често, но не ги познававме. Бобан ретко го гледавме, слушнавме дека работи ноќни смени, велат соседите и додаваат дека парот не правел никакви проблеми.

И сопственикот на станот за српските медиуми изјавил дека плаќале редовно и соседите не се жалеле од нив.

Телото на убиената Бранка П. е предадено на обдукција по трагедијата која се случи на Велигден годинава. 

59-годишниот Бобан Т. целиот во крв ја почекал полицијата, по што му беше одредено задржување во полиција од 48 часа.

Сведок на грозоморното убиство за жал била нивната 6-годишна ќеркичка, која викнала полиција и на роднините кажала „Тато ја уби мама".

- Слушнав таков вресок што помислив дека некој згази куче на улица...толку беше силен...кога дојде полицијата сфатив дека тоа е Бранка, вели сосетка за Телеграф.рс.

Инаку, убиената жена била сопственичка на архитектонско биро „ПроФорма" од Нови Сад.

Засега не се знае мотивот за убиството, ниту зошто настанала кавгата на која и следеше крвав крај.

25.04.2025 - 08:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега