Ужас во Миладиновци: Прегазени две деца, возачот претепан

 


Вчера околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од село Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.


 

Возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.    

Денеска, пак, младиот возач од Миладиновци пријавил во полиција дека вчера бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата. 

25.04.2025 - 13:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега