Полицијата ги уапси среде ноќ: Крадци влегле во домот на велешанка

 


Ноќеска во 00.40 часот и 02.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Ј.(44) и Љ.Т.(42), двајцата од Велес, поради основи на сомнение дека од домот на 53-годишна велешанка одзеле повеќе предмети.

Предметите се пронајдени и вратени на сопственичката.

Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

25.04.2025 - 12:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега