Се огласи Симона од Скопје по која се трагаше - „Не сум исчезната"
Симона Стојкова за која вчера беше објавено дека е исчезната, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук и напиша дека информацијата е лажна и дека таа е дома, жива и здрава.
- „Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.
Инаку, веста за исчезнувањето беше објавена на интернет страницата „najdime.org.mk“.
Таму се уште стои дека таа е исчезната.
Подоцна од МВР информираа дека кај нив нема пријава за таков случај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа