Гори депонијата во Шуто Оризари

 


Денеска е запалена дивата депонија во Шуто Оризари.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 12.30 часот денеска на територијата на Македонија има два пожара на отворен простор, од кои еден е активен и еден е под контрола.


 

„Активни се пожарите во Шуто Оризари, каде гори депонија, а под контрола е пожарот во депонијата Дрисла, на територијата на Општина Студеничани“, информираат од ЦУК.

12.09.2025 - 14:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега