Мицкоски најави можни вонредни парламентарни избори
Премиерот Христијан Мицкоски најави можни предвремени парламентарни избори. Ова не доаѓа поради кризата во ВЛЕН туку е поврзано со завршување на процесот со трагедијата во Кочани каде за жал во големиот пожар во дискотеката Пулс загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.
Тој не прецизираше дали предвремените парламентарни би се одржале со локалните избори наесен, но рече дека ќе ја прифати одговорноста за трагедијата во Кочани откако ќе ги решат работите и тогаш од народот ќе ја побараат довербата.
25.04.2025 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа