Скопјани седнале пред Тобако па биле удирани со бекатон плочки - Дете сведок на хаосот
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, тој заедно со уште неколку непознати лица пред очите на 10-годишно дете, нападнал две лица. Додека тие седеле пред маркет, лицата ги нападнале со бекатон плочки.
Јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа