Расте бројот на пријавени спорни гласачи во ДИК
Заклучно со денеска, до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 2137 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, 817 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1320 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Подолу е табелата со состојбата по општини:
05.08.2016 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа