Трагедија во Македонија: Маж загина во бизарна несреќа
Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 40 минути во селото Габрово-Делчево, на местото „Сина Слива“ се случила бизарна несреќа која завршила со смрт.
Според податоците од полицијата, 38-годишниот А.Д. од Габрово, сакајќи да закачи вилушка за подигање на трактор „Фијат“ носачите на плуговите го приклештиле, по што починал.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на лице место извршила екипа од полицијата.
21.04.2016 - 13:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа