Тешка сообраќајка во Кавадарци - едно лице повредено
Триесет годишниот Ѓ.К. од Кавадарци е тешко повреден откако со автомобилот кој го управувал излетал од на патот Кавадарци – Мотел Дреново.
Несреќата, како што информираат денес од полицијата, се случила вчера околу 15:40 часот.
-Ѓ.К. (30) од Кавадарци, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистерски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот. Во незгодата Ѓ.К. се здобил со тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите од Здравствениот дом во Кавадарци е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица во Кавадарци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа