Битолчанец остана без пари и без пиштол
Битолчанец остана без 40.000 денари и пиштол.
Вчера во периодот од 12:30 до 14:30 часот во населбата Горно Оризари - Битола, во куќа сопственост на Ќ.Б. (1974), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил споредната врата од куќата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 40.000 денари и пиштол „ЦЗ“ калибар 9мм со сер.бр.41507, а потоа го напуштил местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Оцени ја веста
03.10.2015 - 14:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа