Испржени разговори

 

Само ѓубре остана од Кампот на слободата пред Влада. Камперите заминаа по постигнатиот анекс на договорот од 2 јуни на кој свој потпис ставија лидерите на четирите најголеми политички партии. Како што коментираа европските дипломати подоцна, овој договор е голем чекор напред, а Македонија ја тргна настрана од бездната. Тоа што надлежните мораа да соберат 30 кубни метри комунален смет од пред Владата, ќе е беспредметно ако се нотира како проблем. Тие, камперите, впрочем како што зборуваше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев требаше пред Влада да седат се дури тој не седне во премиерското столче. Со таква намера самиот влезе во битката. Се разбира без избори, кои партијата до самиот крај ги одбиваше.

gjorgi-tomic1-645x360

 

Клучна е улогата на евркомесорот Јоханес Хан во комплетниот процес. Убедувајќи дека е на жешка линија со американските дипломати цврсто опстои на ставот дека кризата мора да заврши. По два неуспешни обиди во Стразбур Брисел, австрискиот инает се чини беше премногу силен за македонската непопустливост. Ќе беше сосем лудо ако решението на проблемот се пролонгира. Другите партии се разбира имаат дополнителна заслуга што сега стегите на државата и се тргнати. Премиерот самиот кажа дека ставил потпис за решение водејќи се од интересите на државата. Политичарите се на функција за да го прават тоа и единствено тие што ќе го применуваат би ја освоиле власта. За тоа одлучуваат граѓаните.

Политичките аналитичари од регионот и Европа немаат дилема дека, Македонија сега е на добар пат да ја преброди длабоката криза и да се врати на трасираниот пат. Неколку факти на домашната политичка сцена сепак доминираат во нивните анализи. Два дена откако беше постигнат договорот според кој избори секако ќе има во април следната година, оставка од својата функција во СДСМ поднесе потпретседателот Ванчо Узунов. Станува збор за универзитетски професор чија специјалност е економијата (нешто што мора да е клучен адут во изборната понуда). Претходно во своја колумна, Узунов го навести чекорот осврнувајќи се на резултатите од анкетата на ИРИ, според кои ВМРО ДПМНЕ има значајно поголема поддршка од СДСМ меѓу граѓаните. Испитувањето е по објавувањето на бомбите со кои СДСМ планираше да ја сруши актуелната власт. Тие очигледно немаа ефект. Тоа навистина треба да ги подзамисли во СДСМ. Иако можеби, Узунов не е единствен кој го има ова мислење, и да е осамен во ставот факт дека стратегијата на актуелното раководство на партијата за рушење на власта не беше конципирана добро е сигнал дека можеби се потребни промени во политичката стратегија.

На ред е правењето програми. Партијата што ќе понуди подобри проекти пред граѓаните треба да победи на следните избори. Тоа е јасно како ден. Затоа не треба ни ден губење на бесмислени провокации… Треба работа.

Ѓорги Томиќ – авторот е новинар во Канал 5

 

 

Оцени ја веста

21.07.2015 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега