Комшиското убаво
Ако на 29-ти нема решение на кризата, немој многу да му ја мислите. Имаат они план Б. Дисперзирани преговори. Ќе се одвиваат по плажите низ туристичките места од Грчка на југ, до Ровињ на север. Долго топло лето.
А и Хан во лето нема многу работа, па ќе може да патува на релација од една до друга плажа. Се додека не се убеди Груевски на секои осум години да биде лидер на СДСМ. Така на секој изборен циклус ќе се обезбеди можност за легитимна и легална промена на власта по пат на избори. Е сега од кај да се почне? Заев исистира уште од овие сега избори во април, Груевски да ротира во зградата на “Павелшатевска”. До победата, па потоа Заев ќе превземе.
Додека траат дисперзираните преговори нема да бидат заборавени ниту камперите. Не, нема да бидат и тие дисперзирани. За нив веќе се резервирани гумени базенчиња со ветување дека на секои три дена ќе им се менува водата.
Оптимизам за договор има. Читам Заев веќе и се вежба за премиерската фукнција што ќе треба Груевски да му ја обезбеди. Имал и дневен ред за првата владина седница. Прва точка ќе биде укинување на екстерното тестирање. Што и не е некоја реформа, ама ајде. Заев знае што треба да се укине, но не и што треба да се понуди.
На втората седница ќе следува веројатно рушење. На третата лов на вештерки и се така до следните избори. Во програмата на новата влада се знае што ќе се укинува, но не и што ќе се создава. Се знае што ќе се урива, но не и што ќе се гради. Груевски во 2006 на првата владина седница понуди рамен данок, Заев десет години подоцна на правата владина седница планира да понуди гума за бришње. Но така е тоа, Груевски се бореше за преродба, Заев за слободата.
Ние и така сме навикнати се нешто да не ни чини. Така што, како што преродбата не чини, утре и слободата на Заев нема да чини. Нам секогаш ни е поубаво она што е кај другиот. Кај комшијата и мизеријата полуксузно стои од домашната каква таква стабилност.
Ете гледате. Самоул на Бугарите е посамоил од Самоил на Македонците. Фонтаната во Никарагва е пофонтана од таа на Коце во Скопје. Патиштата во Косово се автопатишта за автопатите во Македонија. Абе дождот што врне во Скопје не морки како оној што паѓа во Белград.
Има една приказна за двајца соседи љубители на комшиското. Милувале двајцата секоја вечер да пијат по една ракија. Едниот сосед постојано мерак му правеле чашките од кои пиеле ракија кај комшијата. Тој пак воошто не ги бедисувал и затоа една вечер решил да му ги подари. По извесен период седнуваат на по една ракија и овој што ги подарил чашките му вели на домаќинот, што фини чашки за ракија имаш. Овој го гледа, го мршти челото… и му вели не бе.. не ги бидува. Зашто? Нема вкус ракијата му одговоара овој. До ракијата е…
Веројатно и Груевски на таму некој ќе беше подобар од Грувески на Македонија. Па некои ќе го бараа и величаа во името на реформите и градбите што сега и овде ги какаат.
Марјан Николовски – Новинар
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа