19.000 VS 90.000 - Мајдан VS Донбас
Како што убаво предвиде Ивица Боцевски, а како што кратко и јасно го срочи Љупчо Златев: “Иако "Мајден", беше долго најавуван, во неделата тој не се случи. "Донбас" не беше најавуван, ама еве го се случи“.
Како што напишав пред оддржувањето на синоќешниот митинг, тоа нема да е митинг за некаква европски обединета Македонија (што и да значи тоа), туку ќе биде, и бидна, митинг за МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА.
Цифрите на присатност ќе се билдаат и смалуваат. Ќе бидат предмет на натегање. Но, ако ги изземеме домашните субјективни (за едната и другата страна) њус портали, редакции, телевизии, странските обавија дека на митингот на СДСМ дошле околу 20.000, а на митингот на ВМРО над 90.000 луѓе. Тоа е 4,7 пати повеќе луѓе во корист на ВМРО. Ептен многу, на ептен малку е крајниот резултат. Тоа е “погледајте семафор“ од овие два дена.
Ретко, мислам последен пат по освојување на 4-тото место на кошаркарите, можеше да се види толку позитивна енергија на едно место. Нормален, обичен, секојдневен народ. Брачни партнери, млади, стари, граѓани, земјоделци... Немаше дрога, хомосексуалци, алкохол, силеџии...
Сметам дека е своевиден феномен како ВМРО успева да оддржи енергија, мотивација, решителност на луѓето што се членови, или што ја поддржуваат оваа партија. Запрепастувачка беше решеноста на луѓето да се сочува Македонија, да се прати во затвор Заев и компанијата, да се спротистави на уцените на меѓународната заедница, да се поддржуваат безбедносните сили...
Секогаш е многу полесно да напаѓаш, да критикуваш, да наоѓаш мани, забелешки, недостатоци. Секогаш е многу полесно да мотивираш и на улица да изнесеш незадоволници. Такви секогаш и секаде имало и ќе има.
Многу е потешко да мотивираш да излезат на митинг луѓе што сметаат дека е добро, стабилно, разумно, вообичаено, успешно... Многу е потешко да браниш и поддржуваш успех. Бидејки успехот и добросостојбата се елемнтарни човечки права и вредности. Па со самото тоа се природни. И човек се чуствува дека е во нормална положба кога е таков. Тешко е да ги донесеш на митинг оној на кого се (или скоро се) му е потаман.
За мене лично, вчера највпечатлив дел беше сплотеноста и желбата за колективен успех. Не беа во прв план личните проблеми, амбиции, нерешенеи ситуации..., туку заедничката цел успешна и просперитетна СИЛНА МАКЕДОНИЈА.
Она што ме воодушеви е следното: Во грандиозната стоилјадна маса имаше многу, навистина многу, ВМРО-вци што сметаат дека од сегашнава власт се обесправени во однос на вработување, помош, напредување во кариера... Имаше купишта луѓе што имаа забелешки дека во буџетарските институции, во јавните претпријатија, во администрацијата, во Владата, во министерствата и во Собранието напредуваат бивши комуњари на сметка на членови на ВМРО или партиите од Коалицијата. Луѓе што покрај долгогодишната партиска припадност сеуште не се вработени на сметка на вработување според Рамковниот или на сметка на полтрони што доаѓаат од партиите на Тито, Стојан, Жерновски, Заев... Имаше луѓе, многу луѓе, што се лути заради инспекциските надзори, затварање на дуќани од страна на УЈП, наплаќање на патарина на автопат што тоа не е... Луѓе што се разочарани од “локалните партиски шерифи“, од раководители, дури и министри. Професори што се разочарани што УКИМ е во рацете на СДСМ и соросоидите. Народ што е разочаран од неспроведувањето на законот на комплетната територија на Република Мкедонија. Народ што се буни што законите за (не)дозволено паркирање различно се применуваат на Лениова и на Дижонска. Да, да.... Имаше народ со многу поплаки, жалби, критики... Но, тоа е ВМРО, тоа е демократска партија. Велам, она што ме одушеви е што сите овие кои имаат некое незадоволство во себе, ги оставија своите лични проблеми дома, и излегоа да ја поддржат големата идеа, да ја добијат големата битка. Битката за Македонија.
Ситните души чија што диоптрија стасува само до нивото “ако ја не сум на функција, ништо не чини“, од типот на Никола Димитров, Ване Цветанов, Лазаревиќ, Ризински, Стојанче, Кекеновски и слични отидоа на соросоидната собиранка во неделата. Македонците останаа со својата партија и со својот лидер. Колку и да има незадоволство, критика, забелешки..., членството не дозволува тоа да биде проблем што ќе го поремети патот кон СИЛНА МАКЕДОНИЈА. Кога таков народ ќе излезе и ќе рече СТОП (зборви на Н. Груевски вчера), тогаш знаеш дека стварно е стоп за велепредавниците.
Кога партија, во случајов ВМРО, ќе собере и мотивира луѓе што заради своите лични проблеми би можеле да кажат “ма не ти доаѓам ја на тебе на митинг“, тогаш е јасно дека нардот излегл во одбрана на својата држава и на своето име. После 10 години владеење, ВМРО не само што не го губи здивот, туку ја зголемува енергијата како една непрекината атомска фисија. ВМРО е Македонија. Секој Македонец е ВМРО-вец.
Вчера ја Мирка, Жидас, Боце, Чилиманов и други дадовме стотици изјави и интервјуа. Јас лично за лондонски ББС, берлински Комапкт, московска Царград, хрватски и српски портали. Македонија почна да ја праќа својата вистина низ светот. Не вистината на Милчин, Борјан и слични сороспии, туку МАКЕДОНСКАТА вистина. Утре заминувам за Виена на голем меѓународен собир на новинари, колумнисти и интелектуалци од светот кои се спротиставуваат на обоените револуции, на Канвас, на невладините на Сорос... Во светот ги има многу ваквите борци. Еве, во Виена ќе се собереме на една маса, на дводневен сесветски самит.
Ќе говорам за Македонија. Македонија е влезена во аѓендата на Обама, Меркел, но и на Путин, Ердоган, Џингпинг... Македоонија е мала, но МАКЕДОНИЈА е СИЛНА.
И, да не заборавам – ВЕЧНА.
Автор: Миленко Неделковски за Параходот.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа